Технолошкиот гигант Samsung во третиот квартал од оваа година забележа скок на профитот за 58% на 10 милијарди долари. Овие бројки ги надминаа очекувањата на аналитичарите, пишува Business Insider.
“Изгледа дека влијанието на Huawei на производството на чипови во Samsung е многу поголемо од она што се очекувало, а дојде и до големо изненадување во продажбата на паметни телефони и апарати за домаќинство“, вели аналитичарот Сви Чунг.
Samsung дојде до овие резултати поради санкциите што САД му ги наметна на Huawei. Кинеската компанија, во исто време, ја зголеми нарачката на чипови од Samsung откако официјален Вашингтон најави дека ќе го ограничи пристапот до чипови за Huawei од средината на септември.
Фото: Freepik