Грција го продава најголемото бродоградилиште

163

Грција распиша тендер за продажба на компанија Hellenic Shipyards, што е најголемо бродоградилиште во земјата, соопштува тамошното Министерство за финансии, пренесува Ројтерс.

Конзервативната грчка влада вети дека ќе спроведе реформи во одбранбената индустрија и истовремено да ја зајакне воената моќ во земјата, во време на тензии меѓу Грција и Турција поврзани со наоѓалишта на гас во источниот Медитеран.

Тамошната влада соопшти дека нејзините планови вклучуваат реструктуирање на воената единица во Hellenic Shipyards, чие седиште се наоѓа во близина на Атина.

Според наводите на грчките власти, една американска развојна финансиска корпорација и една грчка компанија покажале интерес за ова бродоградилиште.

Фото: Freepik