Пандемијата трајно го промени однесувањето на потрошувачите во интернет трговијата и владите мора да ја забрзаат дигитализацијата за да може компаниите да ја искористат таа прилика, покажува истражувањето на UNCTAD (United Nation Conference on trade and development).
Од почетокот на пандемијата, повеќе од половина од купувачите почесто купувале преку интернет и повеќе го користат во потрага по вести, информации за медицината, но и за забава.
Најголем раст на онлајн трговијата има во Кина и Турција, а најмал во Швајцарија и Германија, каде голем број потрошувачи и пред пандемијата купуваа преку интернет.
Од она што најмногу се купувало онлајн, има секакви производи, но најмногу електронска опрема, алати, лекови, мебел, козметика и слично.
Кога станува збор за мали трговци, најмногу подготвени за онлајн продажба биле оние во Кина, а најмалку во Јужноафриканска Република. Пандемијата ги променила приоритетите на потрошувачите и ги натерала добро да размислат пред да го отворат паричникот. Така, просечната месечна потрошувачка по купувач, значително е намалена од почетокот на пандемијата, при што потрошувачите во развиените земји повеќе се фокусирале на основни производи.
Истражувањето опфати околу 3.700 испитаници во Бразил, Кина, Германија, Италија, Јужна Кореја, Русија, Јужноафриканска Република, Швајцарија и Турција.
Фото: Freepik