Мршиќ: Подравка пред преземања во прехранбената и фармацевтската индустрија

76

mrsic podravkaПодравка во овој период таргетира повеќе мети за преземање во прехранбената и фармацевтската индустрија на различни пазари, изјави претседателот на Управата на оваа компанија, Звонимир Мршиќ во интервју за загрепски Лидер.

Тој зборуваше за докапитализацијата која претстои, како ќе се спроведе и за почетокот на новата фаза во работењето на Подравка.

“Требаше да се чека 20 години за да се случат некои статусни промени. Една од тие промени е дека сите акционери се рамноправни. Досега државата беше повластен акционер, а на овој начин е отстрането политичкото влијание врз донесувањето на одлуки. Освен тоа имаме и стабилен Надзорен одбор. Таквата стабилност ни отвора простор за силен исчекор и донесување одлуки кои претходно не можеа или не сакаа да бидат донесени, на пример за деинвестирање на три производни сегменти што го најавивме. Ова е точка на пресврт и сега се создадени сите претпоставки да направиме исчекор во ефикасноста, фокусирањето, понатамошна интернационализација и раст”, вели Мршиќ за Лидер.