Карантинот предизвикан од пандемијата ги забрза промените што претходно ги разгледуваа локалните власти, како што е трансформација на градските подрачја во места погодни за пешаци и велосипедисти, покажува анализата на Deloitte.
Градовите што одвојуваат повеќе простор за возење велосипед и пешачење настојуваат овие промени да бидат прифатени и по завршување на пандемијата, покажува анализата во којашто се вклучени 21 град ширум светот, вклучувајќи и седум од Европа: Амстердам, Барселона, Даблин, Лисабон, Лондон, Манчестер, Рим и Стокхолм.
Иако порано автомобилите важеа за статусен симбол на урбаното окружување, денес тие се предмет на различни ограничувања поради негативното влијание врз животната средина.
Барселона е европски град што од пред неколку години го забраните движењето со автомобили во централното градско подрачје, а Стокхолм, Лондон и Њујорк за влез во центарот на градот наплаќаат одреден надоместок.
Од друга страна, пандемијата ја прошири дефиницијата за безбедност што вклучува хигиена, покажува анализата. Години наназад безбедноста во сообраќајот значеше избегнување сообраќајни несреќи и спречување криминал во јавниот превоз. Денес, нештата се променети, па важно е воведување на одредени мерки што подразбираат заштита од ширење на заразата.
Фото: Freepik