Хрватскиот остров Ластово има 760 жители и од почетокот на пандемијата до денес нема ниту еден потврден случај на заразен од коронавирус.
Репортажата на Slobodna Dalmacija открива раритетна епидемиолошка ситуација на островот во изминатите девет месеци колку што е присутен Ковид-19 во Хрватска.
“Немаме конкретно објаснување зошто на островот не е забележан ниту еден случај на заразен сето ова време“, потврди Мaргарет Хропиќ, шефица на Кризниот штаб на Ластово.
Таа вели дека летово имале многу туристи. Луѓето ги почитуваат, но и ги прекршуваат мерките и нема некое поинакво однесување кое го практикуваат во нивната област.
Бизнисменот Марселин Симиќ, кој е сопственик на ресторан и марина на која, како што наведува, летово имало до 30 закотвени јахти, вели дека целиот остров е една голема изолација.
Фото: Facebook