Кинеската технолошка компанија Huawei ќе отвори сопствена фабрика за производство на чипови, како одговор на рестрикциите од САД што опфаќаат ограничување на употребата на чипови за чие производство се користи американска технологија, пишува Financial Times.
Според наводите, новата фабрика се очекува да биде отворена во Шангај и нема да користи американска технологија, туку ќе му помогне на Huawei да се ослободи од зависноста на чиповите што се произведуваат во САД. На овој начин, компанијата ќе обезбеди непрекинато производство и покрај воведените рестрикции.
Фабриката на почетокот ќе почне со производство 45-нанометарски чипови преку технологија што компанијата пред 15 години ја користеа светските лидери на тоа подрачје.
Фото: Pixabay