Раст на пазарот на уреди за носење

58

Според истражувањето на компанијата Canalys, се чини дека еден пазар сепак нема да ги почувствува негативните последици од актуелната пандемија.

Станува збор за пазарот за уреди за носење што треба да бележи испораки на вкупно 436,5 милиони уреди оваа година. Главната “ѕвезда“ на пазарот треба да бидат безжични слушалки, кои следната година ќе пораснат за 39% на над 350 милиони испорачани примероци.

Canalys истакнува дека корисниците во време на пандемија сè повеќе се грижат за своето здравје и се отвора можност за компании кои произведуваат и продаваат уреди за носење.

Фото: Pixabay