Хрватска Infobip ја презема американската Amdocs за 300 милиони долари

90

ИТ компанијата Infobip од Хрватска ја преземе американската компанија Amdocs за 300 милиони долари. Станува збор за подружница на компанијата OpenMarket, што се занимава со услуги поврзани со испраќање на СМС пораки.

Инаку, Infobip ова лето собра повеќе од 200 милиони долари во првата фаза од финансирање од инвестициониот фонд One Equity Partners.

Меѓу корисниците на услугите на оваа хрватска компанија се: Uber, Viber, WhatsApp, Telegram, Costco и Unilever, пренесува Seebiz. Infobip работи со компании што имаат комуникација со над седум милијарди мобилни уреди во повеќе од 190 земји во светот.

Хрватската ИТ компанија во 2006-та година почна како мал старт – ап од Истра. Денес, со скоро 15 години искуство во ИТ индустријата, глобално вработува над 2.100 луѓе во 67 канцеларии и работи на шест континенти. Причина за планетарниот успех на Infobip е комуникациската платформа и услуги за деловни корисници што може да допрат до скоро седум милијарди корисници во повеќе од 190 земји во светот, овозможувајќи мобилна комуникација без никакви пречки на деловните субјекти со нивните крајни потрошувачи.

Фото: Freepik