Првпат за 30 години, Emirates пријави загуба од 3,4 милијарди долари

47

Авиокомпанијата Emirates од Дубаи пријави загуба од 3,4 милијарди долари, првпат за 30 години.

Во полугодишниот извештај бележи загуби поради пандемијата од Ковид – 19, којашто го парализираше авиосообраќајот.

“Поради оваа ситуација без преседан за воздухопловната индустрија, Emirates забележа загуба за првпат по 30 години“, рече претседателот на авиокомпанијата, Ахмед Бин Саид Ал – Мактум.

Најголемата авикомпанијa на Блискиот исток, којашто има флота од 270 големи авиони, ја прекина активноста кон крајот на март поради пандемијата.

Фото: Pixabay