Недостигот од пченка во Кина ќе ја поскапи храната во светот

296

Недостигот од пченка во Кина ги принуди трговците да ја увезуваат за да може да им достават на домашните производители на сточна храна и на земјоделците, а резултатот од тоа може да биде силен раст на цените на храната во светот следната година, предупредуваат аналитичарите

Доколку продолжи овој тренд, Кина во оваа земјоделска сезона би можела да биде најголем купувач на житарки и да ја прекине традицијата од снабдување од домашни производители.

Зголемената потрошувачка од Кина и проблемите во другите клучни земји производители влијаеа на зголемување на цената на пченката, пченицата и јачменот ширум светот, што во следните месеци може да предизвика шок во индустрии што произведуваат месо, млеко и млечни производи.

За девет месеци од оваа година, увозот на јачмен, пченка и пченица во Кина се зголеми за 83,3% на 20,86 милиони тони.

Фото: Freepik