Компанијата Google тестира систем за вештачка интелигенција кој на слепите луѓе ќе им помогне да можат самостојно да трчаат без да се држат за некого. Системот се вика Project Guideline, а за да се користи потребен е Android телефон кој корисникот го поставува на кучето водач и апликација која ја користи камерата од телефонот за следење на линијата на патеката за трчање.
Апликацијата на корисникот му испраќа звук во слушалките со различен интензитет кој му кaжува каде точно се наоѓа во однос на линијата на патеката. Апликацијата не мора да се поврзе на интернет за да функционира и може да се прилагоди за различни временски и светлосни услови.
Google овој систем го развива во соработка со Томас Пенек, директор на школата за обука на кучиња водичи Guiding Eyes for the Blind, кој се занимава со рекреативно трчање. Во проектот учествуваат и други организации кои поставуваат патеки за трчање и цртаат линии по патеките.
Фото: YouTube printscreen