Volkswagen: Самоуправувачки возила на патиштата за пет до 10 години

Извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дајс очекува возилата со автоматизирано управување да бидат спремни за продавање меѓу 2025-та и 2030-та година.

Дајс навел и подобрување на перформансите на компјутерските чипови што се неопходни за самоуправувачките автомобили, како и вештачката интелигенција којашто го забрзува целиот процес.

“Може да предвидиме дека овие возила наскоро ќе се најдат во употреба и ќе можат да се најдат дури и во комплексни ситуации во текот на возењето“, рекол Дајс, пренесува Ројтерс.

Тој во Volkswagen дојде во 2015 година од BMW и му помогна на најголемиот германски производител да го надмине дизел скандалот што изби истата година, така што направи инвестиционен план од 73 милијарди евра.

Фото: Freepik