Ikea по 70 години запира со…

125

Шведскиот производител на мебел и додатоци за домот, Ikea донесе одлука по 70 години да престане да издава каталог, којшто е еден од најголемите годишни публикации во светот. Целта на ваквата одлука е да купувачите повеќе да се завртат кон онлајн купување.

Каталогот на Ikea излегувал 70 години, а најголемиот тираж достигна во 2016 година, кога на 50 пазари се поделени 200 милиони примероци. Неговото прво издание било испечатено во 285.000 примероци, а е дистрибуирано на јужниот дел на Шведска. Последното издание од оваа година е издадено во 40 милиони примероци.

Овој потег е во рамки на настојувањето на компанијата да го зајакне дигиталниот дел од своето работење, бидејќи потрошувачите повеќе бараат инспирација на интернет, а и почесто купуваат онлајн.

Фото: Facebook