Извозот на Кина во ноември имаше најголем скок од февруари 2018-та година, благодарение на зголемената глобална побарувачка и закрепнување на производството во втората најголема светска економија.
Според податоците, извозот во ноември се зголемил за 21,1% на годишно ниво, забрзувајќи уште повеќе од 11,4% колку што беше во октомври. Кинескиот извоз ги надмина и очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа да биде 12%, пренесува Ројтерс.
Кинескиот надворешнотрговски суфицит во октомври беше на ниво од 58,44 милијарди долари, додека во ноември достигна вредност од 75,42 милијарди долари, што е најголем износ од 1981-ва година. Кина има раст на надворешнотрговскиот суфицит со САД, којшто во октомври беше 31,37 милијарди долари, додека еден месец подоцна достигна 37,42 милијарди долари.
Фото: Freepik