Новооснованата еспорт група, Team 33, ја комплетираше својата играчка постава со необичен додаток. Потпишаа професионален договор со осумгодишниот Џозеф Дин, кој стана најмладиот професионален еспортист.
Тој наводно ќе добие 5.000 долари за опрема и уште 33.000 долари како бонус, бидејќи потпишал договор со нив. Дин тренира со Team 33 веќе две години, кога имал само шест години, пренесува Zimo.dnevnik.hr.
“Целта ни беше да го тренираме во последните неколку години бидејќи веруваме дека младите гејмери се нашата иднина, па сакаме да почнеме да ги тренираме порано“, вели Тајлер Галагер, еден од основачите на Team 33.
“Тоа е остварување на сонот. Други тимови не ме сфаќаа сериозно поради моите години, но Team 33 ме следи преку мојата игра на Fortinite и му дозволија со нив секојдневно да тренирам. Не можам да бидам посреќен што станав и официјален член“, вели Дин.
Со ова се поставува прашањето како ќе учествува на официјалните турнири, бидејќи најниската возрасна граница за учество е 13 години.
Фото: Twitter