Фискалниот совет на Австрија проценува дека кризата предизвикана од пандемијата ќе ја чини земјата 60,8 милијарди евра.
Јавниот долг следната година ќе се зголеми на 87,1% од вредноста на бруто домашниот производ. Фискалниот совет проценува дека општините оваа и следната година ќе имаат “дупка“ во финансиите во вредност од 1,2 милијарди евра.
За оваа година, Фискалниот совет очекува дефицитот на земјата да достигне 10,1% од вредноста на бруто домашниот производ, а следната година на 6,4%.
За да се намалат економските последици од кризата што ја предизвика пандемијата, Австрија оваа година одвои 38,3 милијарди евра, а за следната се планирани 22,5 милијарди евра.
Фото: Freepik