Amazon.com се подготвува привремено да отвори 50.000 нови работни места, се со цел божиќниот шопинг да мине во најдобар ред.
Познатата компанија, која врши продажба преку интернет, е веќе во подготовки за претстојните божиќни и новогодишни празници кога онлајн побарувачката е значително зголемена.
За се да помине без проблеми, Амазон одлучи да вработи илјадници луѓе кои ќе бидат ангажирани како во примање на нарачките така и во испорачување на големиот број на производи. Компанијата во моментов брои 20.000 вработени ширум светот.
Амазон не е единствениот продажен ланец кој отвара нови работни места. Мејсис планира да вработи уште 80.000 работници, додека Волмарт 50.000.