Starbucks во наредните 10 година планира да отвори уште 22.000 кафулиња

104

Во следните 10 години, Starbucks објави дека планира да отвори уште 22.000 кафулиња ширум светот. Сега има 33.000, а целта е да достигнат бројка од 55.000 локали до 2030 година.

Предвидени се и нови видови кафулиња, меѓу кои ќе бидат оние за нарачка и купување од автомобили, а на тој начин ќе стане конкуренција за ресторани кои веќе имаат вакви објекти.

“Иако растеме од големата база, имаме доволно простор да ја прошириме мрежата на ресторани каде нашиот бренд не е достапен“, рече Росалинд Бруер, главен оперативен директор на Starbucks.

Таа посочи дека со отворање на нови кафулиња ќе се намали притисокот врз постојните. Оваа компанија, како и многу други, се обидува да ги надомести загубите што ги претрпе за време на пандемијата на коронавирусот, пренесува CNN.

Фото: Pixabay