Huawei гради фабрика во Франција, прва таква надвор од Кина

84

Кинескиот телекомуникациски гигант, Huawei гради фабрика во источниот дел на Франција, во којашто ќе се произведува опрема поврзана со 5G технологија, а ќе биде од таков вид надвор од Кина.

Во постројката ќе бидат инвестирани најмалку 200 милиони евра и ќе вработува 300 лица. Ќе произведува технолошки решенија за мобилни мрежи за европскиот пазар.

Фабриката ќе се гради во мало гратче 10-тина километри од Стразбур, каде веќе има голема индустриска зона, а се очекува производството на годишно ниво да достигне вредност од милијарда евра.

Администрацијата на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, смета дека Huawei е закана за шпионажа за сметка на кинеските власти. САД повикаа многу земји во светот, посебно европските, да не ја користат инфраструктурата на Huawei за поставување 5G мрежа.

Франција не го исклучи тоа барање, но Велика Британија и Шведска се две европски земји што официјално го исклучуваат Huawei од соработката за мобилна мрежа од најновата генерација.

Фото: Pexels