Microsoft најавува иднина без лозинки

71

Технолошкиот гигант Microsoft станува поборник на технологија без лозинки, истакнувајќи дека сака традиционалните и небезбедни лозинки да исчезнат.

Компанијата во изминатите неколку години инвестираше во различни решенија, како што се Windows Hello, Microsoft Authenticator, FIDO2 безбедносни клучеви и системи за потврда на идентитет преку вена на дланка, меѓу останатите решенија.

Microsoft планира лозинките за нејзините корисници да станат минато во текот на 2021 година.

Компанијата открива дека на скоро 80% од сите сајбер напади, цел им се лозинките, а еден од 250 корпоративни налози поради нив се загрозени секој месец. Од таа причина, се труди да понуди решенија коишто не бараат лозинки.

Во текот на ноември 2019-та година, 100 милиони луѓе на сервисите на Microsoft се пријавувале без лозинки. Бројката се зголемила на 150 милиони до мај оваа година, што значи дека милиони луѓе се подготвени да функционираат без лозинки.

Фото: Freepik