САД со 1,9 милијарди долари ќе отстранува кинеска телекомуникациска опрема

62

Американските пратеници одобруваат 1,9 милијарди долари со коишто ќе се финансира отстранувањето на кинеска телекомуникациска опрема, за којашто владата на САД тврди дека претставува ризик по националната безбедност, пренесува Ројтерс.

Средствата, како што се наведува, ќе бидат одобрени во рамки на новиот пакет економска помош во висина од 900 милијарди долари.

Законодавците на САД ќе одобрат 3,2 милијарди долари итна поддршка за приклучување на Американците со ниски примања во широкопојасна мрежа, потврдуваат високи претставници од американскиот конгрес.

Федералната сојузна комисија за комуникации најави дека во јуни официјално ги означи кинеските компании Huawei и ZTE како закана, со указ со којшто на американските фирми им се забранува пристап до државни средства од 8,3 милијарди долари за купување опрема од тие компании.

Фото: Freepik