Што е retail park?

182

Retail park претставува група од продавници со евтини производи и поради тоа се различни од полуксузната варијанта на трговски центри.

Вообичаено, станува збор за објект на едно ниво, без подруми и катови, коишто се составени од низа засебни локали поврзани во една целина. Таа целина најчесто е во облик на буквата П, во којашто се влегува директно од надворешното окружување што го чинат достапни сообраќајници со паркинг простор и голема зелена површина со пешачка зона. На посетителите им се нуди доволен број паркинг места, висока функционалност и атрактивна понуда на домашни и меѓународни брендови.

Овие паркови се фокусирани на потребите на целото семејство што лесно може да дојдат до него со автомобил. Тие претставуваат алтернатива на трговските центри во центарот на градот.

Во retail парковите најчесто се наоѓаат продавници што нудат мебел, облека и обувки, мали апарати за домаќинство и голем супермаркет. Се простираат на поголема површина од околу 5.000 метри квадратни. Од земјите во Европа, Франција има најголем удел со retail паркови (54% од малопродажниот простор на Стариот континент), а потоа следат Велика Британија со 17% и Италија со 10%.

Фото: Freepik