Во Германија полесно се станува канцеларка одошто директорка

75

Иако звучи чудно, сепак праксата покажува дека во Германија на жените им е полесно да дојдат на чело на државата, одошто да станат директорки на некоја компанија. Тоа, како што пишува Financial Times, наскоро би требало да се промени поради усвојување нов закон што ќе значи воведување задолжителна квота за жени во повисоките управувачки структури во компаниите.

И покрај тоа што земјата ја води жена, канцеларката Ангела Меркел, сепак положбата на жените во бизнисот во Германија не е на завидно ниво. Во најсилната европска економија, мажите доминираат на раководни и одговорни високи позиции.

Во овој момент, жените се застапени со 12,8% во управните одбори на германските компании што котираат на берза. Во САД на водечки позиции има 28,6% жени, во Шведска 24,9%, а во Велика Британија 24,5%.

Бројот на жени на високи раководни места во Германија, на почетокот на септември се намали на 23 од 29, колку што бил една година претходно.

Според новиот закон, 30% од членовите на одборите во компаниите, во коишто владата има мнозински удел, мора да бидат жени. Се верува дека овој закон ќе биде голем успех за жените во Германија, бидејќи им се нуди голема шанса, не само на нив, туку и на компаниите и на општеството како целина.

Фото: Pixabay