По неверојатен успех во 2020 година, Zoom одлучи да го прошири својот бизнис на далеку поконкурентен пазар – деловна услуга за е-пошта. Компанијата веќе започна со развој на ова поле и постои можност на своите клиенти да им понуди рана верзија на услугата веќе следната година. Zoom размислува и за развој на апликација за календар, пишува The Information.
Пандемијата и донесе успех на компанијата, бидејќи пресели голем број работници од канцеларии во домови. Но веќе започна процесот на имунизација на луѓето, така што е прашање на време кога сите овие работници ќе започнат да се враќаат на работа во канцеларија. Кога тоа ќе се случи, нема да има потреба од видео повици, што може значително да го загрози бизнисот на Zoom.
Затоа, јасно е зошто менаџерите се свртуваат кон нови проекти. Цената на акциите на компанијата се зголеми за 500 % од почетокот на годината, но во моментов вреди многу помалку отколку кога беа во својот врв во октомври. Извршниот директор Ерик Јуан планира да ја претвори услугата за видео повици во платформа што ќе овозможи испраќање е-пошта, пораки и други алатки за продуктивност. Извор од компанијата изјавил дека Јуан се обидува да заклучи како ќе изгледа следната генерација на електронски услуги, а не да ги имитира постојните решенија.
Фото: Facebook