Биткоинот го продолжи трендот на раст, надминувајќи ја неверојатната вредност од дури 28.000 долари.
Дигиталната валута вредеше повеќе од 20.000 долари само пред 11 дена, а сега е поблиску од кога и да е до 30.000 долари.
Извонредниот раст на вредноста на биткоинот е резултат на инвестирањето во оваа и другите криптовалути за време на пандемија на коронавирусот и се очекува овој тренд да продолжи и во 2021 година.
Фактот дека американскиот долар е сериозно слаб, го прави биткоинот исклучително привлечна валута.
Фото: Freepik