Макстил создава 1% од БДП и 5% од нето извозот на Македонија

190

Макстил како компанија има речиси 1.000 вработени, создава околу 1 % од националниот бруто домашен производ (БДП) и учествува во нето извозот на државата со 5%, вели Иван Бановски, директор на Макстил, во интервју за Локално.

“Во изминатите три години влеговме во еден долгорочен и сериозен инвестициски циклус чија вредност до денес надминува 17 милиони евра. Инвестициите се однесуваат на нови модерни технологии кои значително ги намалија нашите трошоци на производство и ја зголемија безбедноста при работа на нашите вработени. Овие инвестиции ќе продолжат и во наредните пет години согласно насоките од DITH при што очекуваме да постигнеме уште подобри перформанси. Во услови кога продажните цени беа под голем притисок за нивно намалување, со правилната политика во делот на набавките успеавме да ги оптимизираме паричните приливи и одливи и да ги искористиме сите шанси кои се појавија во текот на 2020 година“, вели Бановски во интервјуто.

Во година кога компаниите се бореа за гол опстанок, Макстил постигна едни од најдобрите резултати, а успеа да добие и А интегрирана еколошка дозвола.

“Во текот на годината бевме предмет на многу инспекциски надзори во чии записници не се констатирани ни најмали отстапувања од дозволените гранични вредности“, изјави Бановски.

Компанијата активно учествуваше во одржување на економската активност во државата носејќи се со сите предизвици што доаѓаа од пазарите во ЕУ и Турција.

Фото: Facebook