Словенечкиот производител на апарати за домаќинство Горење склучи договор за стратешко партнерство со јапонски Панасоник, објави словенечкиот концерн. Врз основа на стратешкото партнерство, Панасоник во Горење ќе инвестира 10 милиони евра и ќе стане негов трет сопственик по големина, рече директорот на Горење, Фрањо Бобинац.
Горење наведува дека партнерството со Панасоник е историски момент во неговите стратешки планови за развој.
Двете компании на почетокот на соработката треба да развиваат нова генерација на машини за перење за пазарите во земјите од ЕУ и да производедуваат фрижидери под брендот на Панасоник за рускиот и другите пазари на поранешниот Советски Сојуз.