Дефинитивно “да“ на акционерите за спојување на Fiat Chrysler и Peugeot-Citroen

56

Акционерите на Fiat Chrysler (FCA) и Peugeot-Citroen (PSA) вчера рекоа “да“ за спојувањето на италијанско-американските француски производители на автомобили, со што се созддеи четвртата по големина групација на автомобили во светот.Новата компанија ќе се вика Stellantis.

 

Извршниот директор на PSA, Карлос Таварес и претседателот на FCA, Џон Елкан, ја истакнаа историската важност на спојувањето на компаниите кои “помогнаа да се испишат индустриските истории на САД, Франција и Италија”.

“Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од PSA имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи, рече Елкан на онлајн состанокот на акционери.

Новата компанија ќе произведува 8,7 милиони автомобили годишно, а ќе има профит од пет милијарди евра годишно.

Спојувањето беше договорено заради намалување на трошоците, но прашање е дали тие ќе можат да изградат бренд и да зачуваат работни места на пазар кој сè уште е под влијание на пандемијата на коронавирусот.