ЕК ја одобри и вакцината на Moderna

38

Европската комисија (ЕК) донесе условено одобрение за ставање во промет на вакцината против коронавирусот на американската компанија Moderna, по позитивната препорака од Европската агенција за лекови.

“На Европејците им обезбедивме дополнителни вакцини против коронавирус. Со вакцината на Moderna, втора вакцина одобрена во Унијата, добиваме дополнителни 160 милиони дози и таа бројка ќе расте“, изјави Урсула вон дер Лејен, претседателка на Комисијата.

Земјите членки на Европската унија на 27-ми декември почнаа со вакцинација на населението со вацината на Pfizer и BioNTech и се обидуваат да го забрзаат тој процес во којшто доцнат во споредба со САД и Израел.

Одобрението доаѓа неколку часа откако Европската агенција за лекови даде зелено светло за вакината на Moderna со цел да се забрза процесот на имунизирање на населението.

Фото: Twitter