Има 220 милиони долари во биткоини, но ја изгубил шифрата

259

Пред 10 години Стефан Томас, кој е компјутерски програмер, добил на подарок 7.002 биткоини коишто сега вредат 220 милиони долари. Но, тој ја изгубил шифрата истата година.

Меѓутоа, сега кога најпознатата криптовалута урива рекорди и постигнува успех  тензијата во главата на Стефан расте. Тој не може да се сети на лозинката, а има само уште два обида, односно едно право да се направи грешка.

Ако  направи уште една грешка, додека го внесува кодот по втор пат, неговиот дигитален паричник ќе биде заклучен засекогаш. Системот IronKey им нуди на сопствениците 10 обиди, а Стефан безуспешно искористил осум.

Всушност, овој програмер не е единствениот кој ја заборавил лозинката за дигиталниот паричник во кој го “чекаат“ милиони. Се проценува дека 140 милијарди долари се заклучени во биткоини ширум светот, бидејќи нивните сопственици ја заборавиле лозинката. 

Додека напредната криптовалута драматично расте, Wallet Recovery Services, којшто се обидуваат да им помогнат на корисниците да ги повратат своите “изгубени паричници“, сега добиваат три пати повеќе барања на ден отколку порано, односно им се јавуваат до 70 луѓе на ден.

Фото: Pixabay