Извршниот директор и коосновач на Tesla, Илон Маск повторно е најбогатата личност во светот откако пораснаа акциите на производителот на електрични автомобили.
Само 1,4 милијарди долари помалку од него има Џеф Безос кој е сега на второто место.
Акциите на Tesla во вторникот пораснаа за 4,7%, зголемувајќи ја нето вредноста на Маск за 7,8 милијарди долари, а тоа го смести на првото место на најбогати луѓе во светот, според проценките на Forbes.
Фото: Facebook