Бројот на сиромашни жители на Романија само од почетокот на светската економска криза нарасна за 10%, од 36% минатата година на 46% во последниот квартал на 2012.
Романската држава се соочува со колапс. Според тамошните експерти оваа бројка може да биде уште поголема во следните неколку месеци. Во Романија од вкупно 19 милиони жители, скоро половината односно 8,9 милиони граѓани на Романија живеат под прагот на сиромаштијата.
Според статистичките податоци бројката од 46% е двојно поголема од просечната европска стапка на сиромаштија од 23%.