Како пропаднаа 140 милијарди долари во биткоини?

69

Со оглед на тоа што вредноста на биткоинот во последно време нагло порасна, многу сопственици на оваа крипто валута одлучија да ги подигнат од своите сметки. Но, голем дел од нив се соочуваат со проблем, бидејќи не можат да се сетат на лозинката на сметката на којашто се наоѓа најпопуларната дигитална валута во моментот.

Според податоците, околу 20% од постоечките 18,5 милиони биткоини, чија вредност се проценува на 140 милијарди долари, се на сопственици кои не можат да се сетат на лозинката на нивната сметка, пренесува New York Times.

Компанијата Wallet Recovery Services, којашто помага да се пронајдат изгубените “дигитални клучеви“, информира дека дневно прима по 70-тина барања од корисници кои се обидуваат да дојдат до своите биткоини.

Еден од нив е и програмерот од Сан Франциско, Стефан Томас, кој е сопственик на 7.002 биткоини што моментално вредат околу 220 милиони долари.

Поранешниот шеф за безбедност на Facebook, Алекс Стамос преку Twitter му понудил помош на Томас, во замена за 10% од вредноста на биткоините.

Слична судбина со Томас дели и Гејбриел Ејбид кој има биткоини, но бидејќи во 2011 година му бил форматира хард дискот на компјутерот, останал без лозинка за 800 биткоини што вредат околу 25 милиони долари.

Поради големата осцилација на вредноста на биткоинот, се активираат и хакери кои се обидуваат да пристапат на сметки што имаат голема количина од дигиталната валута.

Фото: Freepik