Што би им твитнал Трамп – Twitter и Facebook изгубија 44 милијарди долари

50

Откако се суспендирани налозите на Twitter и Facebook на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, се “суспендира“ и вредноста на берзата на социјалните мрежи.

Од седми јануари, кога Twitter и Facebook ги суспендираа налозите на Доналд Трамп на своите страници, до 12 јануари, вредноста на берзата на овие компании падна за 44 милијарди и продолжува да опаѓа.

Акциите на компанијата Twitter на седми јануари вредеa 52,22 долари, а на 12 јануари вредеше 48,18 долари, денеска (47,22 долари). Пазарната вредност на компанијата падна за три милијарди на 38,32 милијарди долари. Акциите на компанијата Facebook вредеa 271,21 долари на седми јануари, а на 12 јануари вредеа 256,84 долари, денеска (251,64 долари). Пазарната вредност на компанијата падна за 41 милијарда до 731,56 милијарди долари.

Фото: Pixabay