Руските авиокомпании во текот на минатата година превезле за 46% помалку патници поради пандемијата, објави тамошната агенција за воздушен сообраќај.
Минатата година со руските авиокомпании летале околу 69 милиони патници. Во декември се превезени повеќе од пет милиони патници, што е за 43% помалку одошто истиот месец претходната година.
Русија минатата година ги укина меѓународните воздушни линии поради пандемијата, а некои рути повторно се воспоставени.
Домашниот патен промет има голем пад поради рестриктивните мерки, но се повторно се враќа во нормала.
Фото: Freepik