Светска банка: Просечен економски раст на Западен Балкан 3,5%, во Македонија 3,6%

63

Светската банка проценува дека оваа година просечниот раст на Западен Балкан ќе биде 3,5%. Натпросечен раст се предвидува за оние земји кои имаа длабок пад во 2020 година, пред сè за туристичките земји како Црна Гора со 6,1% и Албанија со 5,1%.

Ниту една од шесте земји во регионот на Западен Балкан не се очекува да ги надомести загубите во 2020 година во 2021 година, што значи дека заздравувањето се очекува дури следната година. Босна и Херцеговина е под просекот со раст од 2,8%,  додека на ниво на просекот е Македонија со 3,6%.

Проценката за раст на Западен Балкан од 3,5% во оваа година се заснова на претпоставката дека пандемијата на Ковид – 19 ќе биде ставена под контрола, а довербата на потрошувачите и бизнисите ќе биде вратена.

Фото: Pixabay