Подобро да се спречи одошто да се лечи: Колку се троши на превентива?

46

Во време на пандемија, интересно е да се знае колкави се трошоците за превентивна нега, чија цел е да се избегне или намали бројот или сериозноста на повредите или заболувањата, како и нините последици и компликации.

Jавните и приватните трошоци за превентивна нега, во рамки на земјите членки на Европската унија, учествуваат со околу 2,8% од вкупните здравствени трошоци во 2018 година, покажуваат податоците на Eurostat.

Најголем процент има во Италија (4,4%) и Финска (4%).

Од друга страна, најниски трошоци за превентивна нега има во Словачка (0,8%), по што следат: Грција, Кипар и Малта (со по 1,3%) и Романија (1,4%).

Во однос на бројноста на населението, трошоците за превентивна нега се највисоки во Шведска (165 евра по жител), па следат Финска (152 евра), Германија (148 евра) и Холандија , додека во 2018 година, најниски се трошоците во Романија и Словачка (по осум евра по глава жител).