СН Осигурителен брокер АД Битола останува синоним за доверба, висок квалитет на услугите, чесен однос кон осигурениците и концепт на современа програма за осигурување. За изминатата 2020 година, за плановите за новата 2021 и за своите професионални искуства во интервју за Бизнис Инфо зборуваат Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски, извршни директори на СН Осигурителен брокер АД Битола.
Бизнис Инфо: СН Осигурителен брокер е компанија којашто е позната по динамични промени во работењето. Таа многу лесно се прилагодува на условите на пазарот. Што е најново во работењето?
Да се биде секогаш поинаков, сам по себеси не е цел. Низ промените во духот на новото време константно пронаоѓаме нови начини работата да се изврши што подобро и поквалитетно. Само ако сте побрзи, подобри и покреативни денес, ќе се издвоите од морето понуди.
Нашата компанија е во континуиран процес на развој. Во исто време имаме исклучителна понуда на услуги кои и реномирани осигурителни брокерски компании во европски рамки ги нудат. Така што она што го нудиме е глобално земено, тренд. Имаме стабилност, потврдена и во условите на кризата која го зафати светот, работиме со сериозни компании и имаме навистина одлична понуда.
Бизнис Инфо: По Ваше мислење, каква е моменталната состојба на македонскиот пазар на осигурување и што е она што недостига?
Развојот на осигурувањето во Македонија, квалитетот и професионалноста на осигурителните куќи е на многу високо ниво. Голем напредок е постигнат со влез на големи странски компании во овој бизнис на нашиот пазар, кои донесоа know-how и правила на однесување, кои брзо се наметнаа како стандард во работењето, а се со цел да се зголеми транспарентноста и квалитетот на услугите кон клиентите. Можеби недостига подинамичен развој на економијата, која сега дополнително е забавена со последиците на епидемијата, што директно делува и на животниот стандард, но најважно од сé е свеста за значењето на осигурувањето кај граѓаните. Едукцијата на граѓаните е од суштинска важност за работа на секоја осигурителна куќа, а ние на тоа поле многу работиме.
Бизнис Инфо: Колку филијали имате низ Македонија и колку вработени?
Имаме 36 филијали и 118 вработени. Нашата цел не е само клиентите да не препознаваат по филијалите, рекламите и понудите, туку по професионалноста, стручноста, љубезноста и стабилноста која не одликува.
Континуирано инвестираме во обуки на вработените. Можеби ќе звучи како клише, но вистински веруваме во тоа дека човечкиот фактор е клучен фактор за успехот на една компанија. Мисијата на СН Осигурителен брокер е да бидеме стабилен и доверлив партнер како за нашите клиенти, така и за нашиот тим. Нудиме професионален развој на различни нивоа. Очекувањата на вработените се големи и затоа секогаш ги поместуваме границите, но исто така многу вложуваме во нивното знаење и на стручно и на ниво на менаџирање. Поддржуваме и академски институции кои подготвуваат кадри за нашите потреби. На тој начин имаме шанса да ги избираме и најдобрите студенти пред да дипломираат и да ги мотивираме да аплицираат за работа кај нас. Применуваме корпоративна култура на навистина високи стандарди на групацијата.
Бизнис Инфо:СН Осигурителен брокер е компанија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Пандемијата што го зафати светот, веднаш селектираше и компании кои направија сé, да го подобрат сервисот за клиентите. Една од таквите компании сте и Вие.
Развивме брзо апликации кои на нашите вработени им овозможија клиентите да ги сервисираат во време и на место кое нив им одговараше. Клиентите да не мора да доаѓаат во нашите деловни простори и филијали, да не се чекаат никакви редови. Применивме низа чекори за нови решенија во служба на клиентите, кои во исто време обезбедуваа и ефикасност и промоција на пакети на услуги наменети за кризата која го зафати светот. Да наведеме само два од целиот тој корпус на понуди кои ги имаме:
Приватното здравствено осигурување, кое за само 515 денари месечно овозможува лекување во сите приватни здравствени установи во државата. Пакетот услуги е навистина досега најдоброто нешто што како понуда се појавила на нашиот пазар, а се со цел да ја потврдиме нашата премиса дека “Здравјето е најголемото богатство кое секогаш треба да биде на првото место“.
Со пакетот СН дом, пак им ја откривме моќта на осигурувањето на оние кои досега немале искуство, или имале лоши искуства. Пакетите започнуваат од 1.200 ден. на годишно ниво, а ризиците од кои ќе се осигурате се навистина најважните за да имате мирен сон и Вашиот дом да биде целосно обезбеден.
Како никогаш порано осигурувањето се јавува како фактор кој го поедноставува живеењето. Пандемијата покажа колку е светот кревок. И колку е животот важен. Осигурувањето во вакви ситуации го намалува ризикот. А осигурувањето станува важен миг и за Вас и Вашите најблиски. Во светот, еве конкретно животното осигурување е составен дел на финансиското планирање на секој еден човек и секое семејство. Тоа е долгорочна инвестиција, заштита и единствен финансиски инструмент, каде што со првата уплатена премија имате покритие.
Бизнис Инфо: Како општествено одговорна компанија многу внимание посветувате на децата, преку попусти за полисите за осигурување, но и преку донаторски акции?
Ние редовно се вклучуваме во бројни корисни проекти. Децата ни се важен фокус. Кај младите мора да ја поддржиме вербата дека како на општество може да ни биде многу подобро, но за такви промени мора да се почнува од себеси и да се развива свест за индивидуалната одговорност. Личностите кои се воспитуваат да бидат одговорни и да се грижат за своето опкружение, за најблиските, за заедницата во која живеат и општеството воопшто, тоа се и личности кои утре ќе се осигураат себеси, своето семејство, својот бизнис. Тоа е таа врска, се разбира покрај генералната желба да придонесеме кон добробит на заедницата во која делуваме, каде ние како брокерско друштво во осигурителниот сектор, се ставаме во еден многу важен општествено-одговорен контекст.