Вонредно намалување на горивата за два денари

74

Цените на бензините и на дизелот од полноќ поевтинуваат за два денари. Па така, литар Еуросупер БС – 95 ќе се точи по 61 денар, а Еуросупер БС – 98 по 63 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.

За 13 денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство и новата цена ќе му биде 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 30,823 ден/кг.

Како причина за ова се наведува седницата на Регулаторната комисија за енергетика, на којашто беше донесена одлука за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со Законот за акцизи, а имајќи во предвид дека Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба престанува да важи.

Со денешната одлука за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се направи измена на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.01.2021 година, со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи.

Фото: Freepik