Инвеститорот и милијардер Ворен Бафет има совети за младите: Фокусирајте се на учење да пишувате и да зборувате јасно.
“Еден лесен начин да ја удвоите личната вредност е да ги усовршите вашите комуникациски вештини – и писмени и вербални“, рече Бафет во видеото објавено на LinkedIn.
Видеото е објавено од Мајкл Худ, коосновач на стартапот Voice Flow со седиште во Торонто, што им овозможува на корисниците да дизајнираат, градат и лансираат вештини за производот Alexa на Amazon, без потребните програмски знаења, пренесува CNBC.
“Ако не можете да комуницирате, тоа е како да и намигнувате на девојка во мрак – ништо не се случува. Можете да ја имате целата интелигенција на овој свет, но мора да бидете во можност да ја искажете и пренесете,“ рече Бафет.
И изразот е комуникација, вели Бафет чие богатство во моментов е над 89,1 милијарди долари, според Forbes.
Фото: Pixabay