LG го напушта пазарот на паметни телефони?

96

LG Electronics може да го напушти производството на паметни телефони откако изгуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува корејскиот бизнис портал The Korea Herald.

Според Korea Herald, вработените во LG Electronics биле информирани дека се подготвуваат големи промени во плановите за производство на телефони.

LG загуби 4,5 милијарди долари во последните пет години само на пазарот на паметни телефони, па затоа оваа одлука можеби не е толку изненадувачка како што може да изгледа на прв поглед.

Сепак, Квон Бонг-сеок, извршен директор на компанијата, им порача на сите вработени дека нема да бидат отпуштени, па затоа не мора да се плашат од какви било промени за нивната работа.

Ова е поткрепено со фактот дека LG неодамна се префрли на некои други видови технологија, примарно фокусирани на паметни домашни уреди, што тие го покажаа на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника (CES).

Фото: Pixabay