Седница на Секретаријатот на ЦЕФТА, по повод одлуката на Владата на Македонија за ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија, ќе се одржи на 22 јули во Белград, јави агенцијата Бета, повикувајќи се на српското министерство за трговија.
Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ минатата недела упати писмото до Секретаријатот на ЦЕФТА со итно барање да се одржи вонредна седница на ова тело, поради мерките кои ги воведе Македонија, со кои, како што наведуваа српските медиуми, прекршен е договорот на ЦЕФТА.
Годинава претседавач со ЦЕФТА е Босна и Херцеговина.