Во Хрватска се фискализираат и самоуслужни уреди

40

Од први јануари годинава во Хрватска почна да важи фискализација за кафемати, автомати за автоперални и останата самоуслужни уреди.

Досега се пријавени 16.180 уреди со вградена опрема за фискализација, дознава Јутарњи лист од Даночната управа на Хрватска.

Споменатиот број на уреди не е конечен бидејќи, како што истакнаа во Даночната управа, рокот што им е даден на сопствениците на овие уреди за инсталирање на соодветниот софтвер и апликацијата за тоа, трае до крајот на тековниот месец.

Фото: Pixabay