Што носи соработката на Ford и Google?

52

Ford Motors ќе користи софтвер, вештачка интелигенција и технологија во облак што ги нуди Google за развој на нови услуги за потрошувачите и модернизација на внатрешното работење, соопштија двете компании.

Во рамки на шестгодишниот договор за партнерство, производителот на автомобили, ќе вградува android оперативен систем на американскиот технолошки гигант во своите возила Ford и Linkoln, почнувајќи од 2023 година, пренесува Ројтерс.

Ford на своите купувачи ќе им понуди инкорпорирани апликации на Google, вклучувајќи мапи и гласовна технологија. Исто така, ќе се применува и технологијата на вештачка интелигенција на Google за да се подобри ефикасноста во развој на возилата, системот на дистрибуција и производни операции.

Ford и Google, исто така, ќе формираат и група Team Upshift, којашто ќе се занимава со истражување на употребата на податоци за развој на нови модели, креирање нови понуди за идните сопственици на возила и други услуги за купувачите на Ford.

Фото: Freepik