Кинеските вакцини во земјата ќе стасаат кон средината на месецов, кажа премиерот Зоран Заев, објаснувајќи дека во тек се постапки за нивна набавка и испорака. Истакна дека во разговорите со САД и НАТО е констатирано дека набавката на вакцините не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.
“Законските решенија се утврдени. Оваа недела ќе се заокружи постапката за негде од 10 до 15 февруари да добиеме и кинески вакцини. Се работи за начин по пат на преговарање за да се постигнат максимално компетитивни услови за да можеме час поскоро да ја обезбедиме и кинеската вакцина“, рече Заев, додавајќи дека е обезбеден и партнер – фармацевтската компанија Алкалоид, доколку има потреба да се оди преку партнер.
Фото: Facebook