Заминувањето на Џеф Безос од позицијата извршен директор на Amazon, најавено за оваа година, ќе значи дека од основачите на технолошките гиганти, само Марк Цукерберг, првиот човек на Facebook, остана извршен директор на неговата компанија.
Милијардерите скоро и да не ги водат оперативно своите компании. Џеф Безос се повлекува од претседателската функција во компанијата што ја основаше пред 30 години во својата гаража и која му донесе богатство од стотици милијарди долари. Во удобната управувачка фотелја на Amazon ќе седне Енди Џеси, во третиот квартал на 2021 година.
Безос ќе биде извршен претседател, што ќе му даде доволно време и енергија да се фокусира на други производи и иницијативи.
Слично се случи и во другите технолошки гиганти, а засега само Цукерберг преживува на чело на Facebook, пишува CNBC.
Така Apple го презеде Тим Кук во 2011 година, откако му се влоши болеста на Стив Џобс, основачот на таа компанија, кој почина.
Microsoft го смени својот извршен директор во 2014 година, кога Бил Гејтс ја напушти функцијата претседател на одборот на директори, а Сатја Надела дојде на највисоката оперативна позиција на компанијата.
Компанијата Alphabet, што управува со Google, исто така доживеа голема промена кога коосновачот Лари Пејџ го препушти своето место на Сундар Пичаи во 2019 година.
Нешто слично се случи во Tesla, каде Илон Маск е генерален директор со години. Но, тој дојде на оваа позиција дури во 2008 година, пет години по нејзиното основање. Маск не беше меѓу првичните основачи, но се приклучи на компанијата, како инвеститор, со задоцнување од една година. Теsla е основана во 2003 година од инженерите Мартин Еберхард, кој беше директор до 2008 година и Марк Тарпенинг.
Фото: YouTube Printscreen