Истражување: Колку ќе загуби ЕУ поради бавната вакцинација

30

Европската унија се соочува со потенцијална загуба од 90 милијарди евра оваа година, ако заостане зад програмите за вакцинација во другите региони, покажува истражувањето на германската осигурителна компанија Allianz.

Земјите во ЕУ се на удар на критики за бавниот почеток на вакцинацијата, а критичарите го посочуваат напредокот постигнат во Велика Британија, Израел и САД како доказ за неуспешното планирање на Брисел, пренесува Ројтерс.

Студија на Allianz и Euler Hermes, се наведува дека ЕУ ќе мора да ја зголеми стапката на вакцинација шест пати со цел да се постигне целта за 70% имунизација на старите лица до летото.

Според истражувањето, доколку ЕУ продолжи со сегашното темпо, колективниот имунитет нема да се реализира пред 2022 година, а колку подолго е потребно за имунизација, толку подолго економијата ќе биде загрозена од забрани и блокади. Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ заостанува три до четири недели поради построгите правила за одобрување на вакцините.

Фото: Pixabay