Последните модели на германскиот произведувач на автомобили Мерцедес не може да се продаваат во Франција затоа што во разладниот систем имаат средство за ладење за кое ЕУ наведува дека емитира преголема количина штетни гасови и треба да биде заменето, стои во соопштението на компанијата, јавува АФП.
На оваа мерка – забрана подлежат само новите автомобили, а на купувачите кои се соочени со оваа регулатива ќе им биде понуден заменски модел, изјави портпаролот на Мерцедес.
Од 1 јануари годинава, според регулативата на ЕУ, произведувачите на автомобили мораат да го користат средството за ладење R1234if кое предизвикува помало загадување, но компанијата DaimlerChrysler и понатаму се држи до старото средство R134a. Daimler Chrysler тврди дека истражувањата покажале дека новото средство многу полесно се пали и дека автомобилите се во поголем ризик од експлозија во случај на несреќа.
Портпаролот на компанијата нагласи дека ниту една земја, освен Франција, не била против употреба на старото средство за разладување. Меѓутоа, Европската комисија и официјално ја извести Германија за своето противење што спорното средство и понатаму е во употреба, а Берлин доби рок до септември да се прилагоди на правилата.