И Русија би можела да ги оданочи глобалните дигитални компании

45

Руската влада размислува за можноста да воведе данок на странските компании што заработуваат од пружање дигитални услуги во Русија, изјави заменик министерот за финансии, Алексеј Сазанов.

“Големи странски дигитални компании остваруваат добивка со пружање услуги во Русија, а начелно во нашата земја не се оданочуваат бидејќи тука често немаат канцеларија“, вели Сазанов, не прецизирајќи за кои компании станува збор.

Организацијата на земји за економска соработка и развој (OECD – Organisation for Economic Co-operation and Development) предводи група од околу 140 земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, којашто преговара за ажурирање на правилата за оданочување на прекугранична трговија во дигиталниот свет, за да се опфатат дигиталните гиганти, како што се Google, Apple и Facebook.

Фото: Feeepik